Наскоро ќе бидат отворени нови 300 слободни места за приватните специјализанти

Од:

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

– Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но и внатре во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза”. И тука, од една во друга клиника, во овој кампус, исто така, правиме таков тип на хоризонтална мобилност на профилите. Тоа се случува бидејќи досега за жал креирани политики во здравството биле само врз основа на семејни или другарски односи, а не врз основа на реални потреби што Министерството ги има за стручен кадар, рече тој.

Тој рече дека набрзо ќе се отворат нови места за што има потреба.

– Ние набрзо ќе отвориме уште 300 слободни места за специјализанти, во профили од кои навистина имаме потреба. Немаме радиолози во државата, па затоа и таму се случува пациенти да чекаат со денови за резултати за читање на слики. Триста веќе беа објавени и се завршени, а 300 ќе се објават од наредната недела, додаде Алиу.

Тој истакна оти битно е дека профилот мора да биде компатибилен со потребите на здравствениот систем.

– Ќе инсистираме на тоа, истакна министерот Алиу.

Би можело да ве интересира

Стоматолошка комора: Со доставувањето наводни докази на Алиу до ЈО конечно ќе може да се потврдат тврдењата за исправноста во нашето работење

Левица: Вработените без плати, Алиу без одговори – Кој ја „пере“ пералната на Клинички

ДУИ бара итна оставка од Азир Алиу

Горан Наумовски

Алиу: Ако не реагиравме, ќе имавме 50 отсто стоматолози без лиценца

Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности, реагираат од Стоматолошката комора откако Алиу им го презеде лиценцирањето

Министерот Алиу именуваше нови директори на клиниката за неврологија и на кардиологија