Насилство во Охрид

Од:

Секторот за внатрешни работи Охрид, од слобода лиши 56 годишен стружанец, а по четири други лица, презема мерки за нивно пронаоѓање, кои, вчераутро околу 04 часот и 20 минути во кафе барот „Еспана“ во Охрид, предизвикаа насилство и го нарушија јавниот ред и мир.

Овие лица, откако влегле во кафе барот, физички го нападнале Н.Д.(29) од Охрид, и му задале повеќе удари со огнено оружје пиштол и стаклено шише, во пределот на главата. Напаѓачите, по нападот, веднаш избегала од лице место, а Н.Д. со расекотини по главата и лицето, е пренесен во општата болница во Охрид, каде му се констатирани лесни телесни повреди. Во патничко моторно возило марка „Опел-корса“ оставено во близина на кафе барот „Еспана“, полициските службеници, пронајдоа гасен пиштол, кој понатака, ќе биде предаден на вештачење.

Заради целосно расчистување на настанот, во СВР Охрид, на разговор повикани се десетина лица присутни во кафе барот и извршени се неколку претреси во домовите на четиричлената група.

На местото на настанот, во присуство на истражен судија, јавен обвинител и полициски раководители, извршен е криминалистичко-технички увид. Секторот за внатрешни работи Охрид, продолжува со активностите за целосно расчистување на овој настан.

 

 

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките