Насилници со водоводџиски клешти претепале човек, сега се осомничени за насилство

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело насилство.

„Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот.

Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани.

Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале се додека оштетениот не паднал во безсознание. Му нанеле тешки телесни повреди поради кои тој во живото-загрозувачка состојба е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Со дејствијата на насилство, кај сведокот – внукот на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци, на крај завршиле во станица

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

70-годишна скопјанка била нападната од поранешниот партнер

(ВИДЕО) МВР: Уапсен е таткото кој и ги врзал рацете на својата 11-годишна ќерка

Горан Наумовски

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство