Насилници малтретирале цело семејство во Белимбегово поради наводен долг на синот

Од:

Полицијата уапсила тројца жители на населбата Илинден, кои минатата ноќ насила влегле во дом на нивен соселанец што наводно им должел пари, кршеле низ куќата и физички го нападнале него и уште двајца членови на неговото семејство, кои се повредени. Во инцидентот е ранет еден од напаѓачите, кого 52-годишниот стопан на куќата го повредил во самоодбрана, соопшти полицијата.

„На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите“. се вели во полициското соопштение.

Пријавените лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби