Нарачаните шамари за Жерновски и демолирањето на Центар утре во судница

Од:

Утре нов обид да започне судењето за случајот за вандалскиот напад и демолирањето на општина Центар и и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски.

Во случајот во кој се осомничени 14 лица првообвинет е екс премиерот Никола Груевски

Во бомбата која пред две години ја обелодени СДСМ, се слуша како што рекоа, како Груевски бара да се подготви сценарио во кое тукушто избраниот градоначалник Андреј Жерновски ќе добие неколку шлаканици в лице:

Тогашниот премиер Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, нарачува и договара протест пред општина Центар во наводна одбрана за рушењето на новата црква, при што дел од донесените граѓани треба да влезат во салата на Советот и, пред сите советници и медиуми, да му “врзат три-четири јаки шамари” на тукушто избраниот градоначалник на општина Центар.

За вандализмот и демолирањето на општината, градоначалникот Жерновски во неколку дописи до екс министерката за внатрешни Гордана Јануловска, бараше одговорност за нарачателите и сторителите. Сепак, иако дел од нив беа фотографирани со неа и со Груевски, односно беа и делегати на Конвенцијата за избор на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, до денес истите не се идентификувани и санкционирани.

Доказите од прислушуваните разговори за нарачаните јаки шамари од експремиерот Никола Груевски за градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и за насилствата во општината во 2013 година ќе важат како доказ во судскиот процес.

Судијката Татјана Михајлова на рочиштето на 28 јуни кажа дека не знае каде се наоѓа обвинението за „нарачаните шамари“ и судење го одложи за 28 септември.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски