Судот закажа расправа за шамарите за Жерновски и демолирањето на Општина Центар

Од:

Вандалскиот напад и демолирањето на општина Центар, како и и нарачаните шамари за градначалникот на општината, Андреј Жерновски од екс премиерот Никола Груевски, ќе биде првиот предмет кој влегува во судска процедура од прислушуваните разговори.

Кривичниот суд веќе информираше дека е оформен предмет за едно од двете обвиненија кои ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, а се работи за случајот во кој се осомничени 14 лица.
Главната расправа е закажана за 21 ноември во 10 часот.

Како сведок пред СЈО сведочеше градоначалникот Андреј Жерновски, советници и вработени во администрацијата.

СЈО по три и пол години, даде шанса да се реши случајот „шамари за Жерновски“ и демолирање на општина Центар.

Во бомбата која минатата година ја обелодени СДСМ, се слуша како што рекоа, како Груевски бара да се подготви сценарио во кое тукушто избраниот градоначалник Андреј Жерновски ќе добие неколку шлаканици в лице:

„Подготви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме… Во петок ќе му собереме 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, нели имаат право граѓани да влезат. Па да видиме, да размислиме, дали еден да стане и три – четири јаки шамари да му врзе пред сите. Не може ништо да му се направи (на сторителот, н.з), нема тешка телесна повреда тука за кривична, има само за прекршочна“, вели во прислушуваните разговори гласот, за кој Заев рече дека е на тогашниот премиер Никола Груевски.

По ова следуваше нарачан протест пред општината, организиран од дотогаш непознатата граѓанската иницијатива „Веритас“, под образложение дека градоначалникот на Центар сака да ја запре изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“, што од страна на Жерновски беше неколкупати демантирано.

Протестите беа насилни, се рушеше оградата, се маваше со камења и во опасност беа доведени во прашање животите на Жерновски, советниците, медиумите, општинската администрација, но и на неколкумина амбасадори кои дојдоа да се уверат сами што се случува во општината.

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски неколку пати се обраќаше до тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, барајќи да ги открие насилниците кои учествуваа во нападите врз општинската зграда во јуни 2013 година.

„Недозволиво е 15 месеци да не се откријат насилници фатени на камера. Уште повеќе што наводната НВО ‘Веритас‘, која тогаш се јави како организатор на протестите, воопшто не е регистрирана како невладина организација“, напиша тогаш Жерновски во писмото.

Тој бараше одговорност за нарачателите и сторителите. Сепак, иако дел од нив беа фотографирани со неа и со Груевски, односно беа и делегати на Конвенцијата за избор на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, до денес истите не се идентификувани и санкционирани.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, пак, пред една година директно му се обрати на премиерот.

„Никола, по овој разговор можам да ти се обраќам само на ‘ти’. Ти си обичен насилник кој ја срами премиерската функција. Тие не работиш 24/7, туку шеташ во комбе и бараш плацови за тебе и за фамилијата. Пресуден е шамарот што ќе го добиеш ти од граѓаните на Центар и на Република Македонија. Твојот сон беше да се одвоиш од граѓаните преку потпорен ѕид 6-7 метри на Водно. Ќе се одвоиш од нив, но не преку ѕид, туку преку решетки“, рече Жерновски.

Потсетување на една од бомбите на опозицијата и за тоа како нарачано се демолираше општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Таткото на Вања останува во притвор: Кривичен го одби барањето на адвокатот Туфегџиќ за куќен притвор

Александар Тодески