СДСМ: Нарачаните интервјуа на Груевски потврда за неопходните реформи во медиумите

Од:

Нарачаните интервјуа, како денешното на Никола Груевски на Сител телевизија, се уште една потврда зошто е неопходна реформа во медиумскиот простор во земјава.

Нема алиби за Груевски, кај него постои страв од соочувањето со граѓаните на фер избори, страв од казната и одговороноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години.

Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, СЈО е под постојани опструкции, прекинат е политичкиот дијалог, само затоа што Никола Груевски се плаши и бега од слободни избори.

Граѓаните тоа го знаат и го гледаат секој ден.

Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети лидерот на демократска Македонија, Зоран Заев.

Македонија ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

Колку и да се обидува да одолговлекува и на самиот Груевски му е одамна јасно дека сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото.

Зборот е збор.

Напразно се надева Груевски дека ќе може да побегне од правдата и одговорноста.

После серијата порази што ги дожиева, откако се расаднаа сите негови бетони и се поништи дури и криминалната аболиција од Горге Иванов, нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Правдата се враќа. Одговорност за криминалот ќе има. Груевски ќе одговара пред законите и пред граѓаните.

Никола Груевски е веќе минато и тој не може да зборува за иднината.

Доаѓаат демократски промени на фер избори на коишто граѓаните ќе изберат сигурна и подобра иднина за Македонија без Никола Груевски и неговата криминална банда, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он