Напредок во работата на Историската комисија со Бугарија

Од:

Во заедничкото соопштение по 17-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, која се одржа во Софија, се вели дека е постигнат одреден напредок.

„На 24 и 25 февруари во Софија се одржа 17-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера, што придонесе за постигнување на одреден напредок во работата на Заедничката комисија.

Во рамките на Заедничката седница на Владите на Бугарија и Северна Македонија, кое се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на месец мај. Членовите на Комисијата ја потврдија посветеноста за одржување на активен дијалог.

Се планира следната средба на Комисијата да се одржи кон крајот на месец март или почетокот на април во Скопје“, се наведува во заедничкото соопштение.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори