Напаѓачот на Пендиков е на слобода, одземен му е бугарскиот пасош

Од:

Напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков, Илија Спасески ќе се брани од слобода. Судот по истекот на 30-дневниот притвор одлучи да ја преиначи мерката притвор со одземање на странскиот пасош кој го поседува Спасевски, пренесе БГНЕС.

„На 19 јануари, во кафе-бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и со нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, стои во обвинението.

Претепувањето на Пендиков кој имал нерасчистени односи со напаѓачите, наиде на осуда од двете страни, но Бугарија тоа го искористи да го прикаже дека безбедноста на македонските Бугари е загрозена.

Лидерите на македонските Бугари, бившиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Трендафилов и претседателот на клубот „Иван Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски беа примени во Брисел од еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ, а по разговорите во Брисел следуваше барање и министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи да се сретне со претставниците на македонските Бугари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

Орце Костов

(ВИДЕО) Адвокатот на Илија Спасески го напушти судењето: Обвинителството заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин

Орце Костов

ВИДЕО: Пендиков се појави во судот во Охрид, се соочи со првоосомничениот Спасески

Орце Костов

Пендиков давал исказ за вториот напаѓач во обвинителството во постапка која е се уште во фаза на истрага

Орце Костов

Пендиков се врати во Охрид: Пред истражителите го опишува нападот врз него

Орце Костов