Напаѓачи од гостиварско пукале во жител на Дебар, полицијата ги фати кај Ростуше

Од:

Тежок инцидент се случил вчеравечер кај џамијата Саат кула во Дебар, кога двајца напаѓачи пукале во 30-годишен жител и го раниле, а потоа избегале со автомобил „Ауди“, соопшти полицијата. Тие биле фатени подоцна на патот Дебар-Маврово, кај селото Ростуше.

„На 17.06.2021 полициски службеници од Полициска станица Ростуше на место викано „Ростушко анче“ ги лишиле од слобода А.А.(28) од с.Долна Бањица, гостиварско и А.Т.(30) од с.Лакавица, гостиварско, кои се превезувале со патничко возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, поради постоење на основи на сомнение дека околу 22.10 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар, кај џамијата „Саат кула“, со огнено оружје го повредиле А.И.(30) од Дебар“, соопшти МВР.

„А.И. бил пренесен во Општа болница Дебар за укажување на лекарска помош, полициски службеници извршиле увид, а при преглед во возилото „ауди“ бил пронајден пиштол „Сиг Сауер“ П226С кал.9 мм. По наредба на Јавен обвинител лицата се приведени во ОВР Дебар за понатамошна постапка“, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари