Нападот во М-НАВ според Хамиди бил конфликт меѓу колеги: Се знаат 20 години, заедно биле на тестирање

Од:

Директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди нападот врз вработени во М-НАВ за што полицијата веќе повика повеќемина на распит го гледа како конфликт помеѓу колеги кои се знаат повеќе години и кои заедно биле на тестирање пред да почнат да работат.

„Има две рампи, има и трета и четврта и петта. Не можам да навлезам во тоа. Се случил немил настан, дефинитивно. Се работи за конфликт помеѓу колеги, се знаат 20 години, заедно биле на тестирање“, рече Хамиди.

Тој негира дека се видел со Беким Незири, кој ги внел другите напаѓачи во М-НАВ, иако двајцата се кадри на владејачката ДУИ.

Во меѓувреме, за овој настан, обвинителството чека кривични пријави од Министерството за внатрешни работи, кое се уште повикува инволвирани лица на информативни разговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повторно летаат ракети, гори американскиот конзулат во Дубаи

ВИДЕО: Се урна покривот на американската амбасада во Ријад

Предраг Петровиќ

Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Иранците тврдат: Ајатолахот Хамнеи е жив

Израел: Ајатолахот е мртов

Предраг Петровиќ