Нападната и ограбена 66-годишна скопјанка

Од:

Вчера околу 12:45 часот на ул. „Козара“ во Скопје пред влез во зграда, непознато лице ја пресретнало скопјанката А.Т.(66) и со физичка сила ја турнало на подот, а потоа со закана со нож извршило разбојништво, одземајќи и мобилен телефон и 650 денари.

На А.Т. и е укажана лекарска помош во ГОБ Св. “Наум Охридски” при што и се констатирани телесни повреди и истата е пуштена на домашно лекување.

По превземени оперативни мерки и активности од страна на СВР Скопје пронајдено е лицето кое го извршило разбојништвото, станува збор за Н.Х.(31) од Скопје, против  која по целосно расчистување и документирање на случајот  ќе биде поднесена соодветна пријава. Н.Х. и порано е кривично пријавувана  за извршени  „кражби“ и „тешки кражби“.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби