Нападната екипа на ТВ24 на протестот „За заедничка Македонија“

Од:

Демонстранти од протестот на „За заедничка Македонија“ ја нападнале екипата на телевизија 24 најпрво вербално, а потоа кога снимателот снимал инсерти, новинарот Христијан Баневски бил удрен со стап од знаме по тилот од главата.

Новинарот реагирал кај еден од организаторите и добил одговор дека човекот кој го веел знамето не знаел како се вее.

– Додека со снимателот го покривавме денешниот протест, бевме изложени на неколку навреди, етикетирања и закани, на што ние не реагиравме. Нападот се случи кога се упативме кон собранието од каде што требаше да имаме вклучување во живо. Во тој момент, лицето коешто со знамето се движеше зад нас се приближи до мене, ме погледна, ја забележа ознаката на мојот микрофон и силно замавна со знамето кон мене. Ме удри неколку пати во пределот на главата со стапот. За среќа не ми нанесе сериозна повреда. По ова реагирав кај организаторите, кои ме убедуваа дека сето тоа се случило ненамерно. МВР треба да преземе одговорност за сите напади и сите закани да ги сфати сериозно и да ги санкционира пред да се случи поголем инцидент, вели Баневски за А1он.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Одземен пасошот на берберот кој ја нападна новинарската екипа на Алсат-М во Стара чаршија

Орце Костов

Снимателот на ТВ24 Иван Камчев физички нападнат на патот Градско-Прилеп кај Росоман

Османи: Медиумската слобода е директен показател за цивилизацискиот напредок на општеството

Шест месеци казна затвор за напаѓачот на новинарската екипа на А1он

Ана Ололовска

„За заедничка Македонија“ го оспори изборот на Талат Џафери пред Уставен суд

Ана Ололовска

Дамовски се заканува дека ќе ги извадат пратениците од Собрание

А1он