ХАЦЦП системот е одамна востановена работа и наместо за него, веќе треба да збруваме за други, понапредни системи на контрола на храната што ги бараат странските пазари, истакна денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
По завршната работилница „Интензивирање на имплементацијата на ХАЦЦП во угостителските објекти во Република Македонија” во Сојузот на стопански комори (ССК), Поповски подвлече дека сите компании го имаат имплементирано ХАЦЦП кој е законска обврска, но тоа не е доволно. Системот мора постојано да се одржува за што се неопходни вложувања, особено во човечки ресурси.
– Агенцијата за храна и ветеринарство редовно врши инспекциски контроли преку кои воедно даваме насоки и компаниите увидуваат дека треба да одат чекор напред, да го надоградуваат ХАЦЦП, но и да имплементираат други системи за квалитет и безбедност на храната зашто само така ќе можат успешно да ги пласираат своите производи дома и на странскиот пазар. Во спротивно, ќе тапкаат во место, конкуренцијата ќе ги надмине, нагласи Поповски.
Проверките на терен покажуваат одредени недоследности во однос на ХАЦЦП-от и неговата примена. Зависно од прекрошкот, казните се различни и се движат околу 2.000 евра. Сепак, бизнисот смета дека свесноста кај компаниите за имплементирањето на овој систем и неговото континуирано одржување е се поголема.
– Имплементацијата на ХАЦЦП е процес што треба да го согледа секоја компанија поединечно, потоа индивидуално, со помош на експерти, да ги детектира критичните контролни точки и соодветно да интервенира за нивно отсранување, напомена Александар Зарков, координатор на Агро-бизнис комората при ССК, додавајќи дека за секоја успешна и професионална компанија, ХАЦЦП системот е неопходна мерка.
И заменик претседателот на Агро-бизнис комората Горан Ѓорѓиевски потенцира дека воведувањето ХАЦЦП е веќе завршена работа, но неговата следливост понатаму е важна и тоа треба да се контролира.
– Секоја компанија има задолжен човек кој секојдневно прави запизи на техничката опрема која има директен контакт со храната. Притоа, има одредени процедури кои дисциплинирано и одговорно треба да се почитуваат, рече Ѓорѓиевски.
ССК интензивно и континуирано соработува со Агенцијата за храна за што има потпишано и Меморандум за соработка.
На денешната работилница и претходеа 12 во Скопје и уште по една во Велес, Куманово, Прилеп, Куманово, Охрид, Струга, Дојран, Штип, Тетово, Гостивар и Струмица. Учествуваа преку 1.100 претставници од угоститетлските објекти, како и од кујни на градинки, основни училишта и средношколските домови. Изгтовен е и Водич за импементација на ХАЦЦП во угоститетелските објекти.