Наместо одговорност, Собранието изгласа благодарност на надлежните

Од:

Наместо отсликување на реалната состојба, за што денеска беше свикана и итната седница, Собранието се состана за да искаже благодарност на надлежните и да покаже колку „добро“ власта се справила со поплавите.

Пратениците од владејачкото мнозинство не сакаа ниту да дискутираат за предлозите на опозицијата да се стопираат градбите на кејот на Вардар, да се раскинат договорите и паричните средства да се донираат за поплавените, а не се откажаа ниту од една плата иако на целата седница глумеа солидарност и хуманост.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на денешната седница гласаа и против обештетување од 50 евра по метар квадратен, гласаа и против барање одговорност од Владата, од Ѓорге Иванов и институциите одговорни за превенција, а единствено што изгласаа беа искажување на благодарност до сите министерства и владата, односно исто како и до сега, тоа што самите го предложија.

Владејачкото мнозинство исто така ги повика институциите да го работат она што и без собранискиот повик е нивна должност, односно да продолжат да помагаат на жителите од поплавените подрачја се до конечно отстранување, санирање и ублажување на последиците од катастрофалната временска непогода, како и владата да го реализира заклучокот за авансно обештетување на семејствата.

Во заклучоците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се бара и да се спроведе дератизација, десинсекција и делумна евакуација на населението од поплавените подрачја, нешто што досега требаше да биде завршено.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, пред затворањето на расправата рече дека заклучоците предложени од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се неприфатливи за опозицијата бидејќи во нив не се вклучени нивните главни барања за исплата на итна помош на настраданите и за одговорност на надлежните за направените пропусти.

СДСМ побара итна исплата по 1.500 евра помош на секое настрадано семејство независно од помошта што ја предвиде Владата, да се донесе закон за утврдување на методологијата за исплата на штетите, а проценките за штетите да бидат јавно достапни.

Имер Алиу од ДПА рече дека собраниската дебата потврдила дека надлежните не постапиле правилно и оти проблемите се настанати од неинвестирање во погодените подрачја и селективниот пристап на институциите. Граѓаните и натаму ќе бидат во нечија милост и немилост и ќе треба да молат за помошта која им припаѓа, рече Алиу, додавајќи оти ДПА ќе ја напушти седницата и нема да гласа за заклучоците.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски