Наместо досегашната Ѓомлезијада во Охрид почна да се одржува Охридска софра

Од:

Со доаѓањето на новата локална власт во Охрид дојде до примена и на името на манифестацијата Ѓомлезијада која претходно се организираше три години по ред.

Со малку променет концепт во организацијата од оваа година почна да се одржува манифестацијата Охридска софра, која според градските власти во Охрид има за цел да го промовира руралниот туризам кој Охрид има потенцијал да го развива. Специјалитети од охридскиот крај, со акцент на ѓомлезето беа презентирани пред домашните и странски туристи кои имаа можност да пробаат некои од нив.

„Ѓомлезето е еден од специфичните охридски специјалитети, но ќе е неблагодарно ако само на ѓомлезето се задржиме.Затоа ние од оваа година сакавме да го прошириме асортиманот на храната која се нуди и приготвува во Охрид и истата да не биде занемарена. Ѓомлезијадата си остана како дел во оваа манифестација.Имаше официјакно натпреварувачки карактер во приготвување на ѓомлезе со 25 учесници, а имавме и голем број на учесници кои приготвуваа и други традиционални охридски специјалитети“, рече Ѓоко Апостолов раководител на Секторот за туризам.

Бројот на посетители ни дава должност наредната година оваа манифестација да ја организираме уште подобро.

Преку оваа манифестација ние сакавме да направиме промоција на охридските специјалитети пред граѓаните“, додаде Апостолов.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски