Наместо да воведе ред на седницата, Вељаноски етикетира медиуми

Од:

Наместо да воведе ред на и онака хаотичната конститутивна седница, претседавачот Трајко Вељаноски повторно ги обвини медиумите дека биле блиски до СДСМ, само затоа што известувале за неговото селективно гасење на микрофони на говорницата.

Тој во одговор на процедуралната на Александар Кирацовски од СДСМ, кажа дека бил толерантен за да не го пишувало по медиумите. Кирацовски претходно побара од него да воведе ред на седницата со цел побрзо да се избере претседател на Комисијата за избори и именување, а потоа и претседател на Собранието и нова влада.

– Никој не порекува дека имате 51 мандат, меѓутоа ние имаме 67. Упорно прашувате, ние кажуваме, програмата е наша платформа, а вие свесно учествувате во купувањето на денови, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик