Намалена видливост поради појавата на магла на поголемиот дел од патните правци

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно без застои и ограничувања, по претежно влажни коловози, но видливоста на поголемиот дел од патните правци е значително намалена поради појавата на магла, соопшти АМСМ.

Поради покачување на температурите и топење на снегот, можна е и појава на поситни одрони по усеците и клисурите.

Поради појава на магла, намалена е видливоста на следниве патни правци: Крива Паланка – 150 метри, Страцин – 50 метри, Скопје – 150 метри, Тетово – 30 метри, Гостивар – 30 метри, Дебар – 50 метри, Сарамзалино – 150 метри, Павлешенци – 100 метри, Кочани – 50 метри, Битола – 50 метри, Прилеп – 30 метри.

Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози