Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на густа магла, намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 30 до 50 метри, како и на планинскиот превој Ѓавато – од 50 до 100 метри, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, а особено да се внимава на местата на кои се изведуваат работи на пат и возачите да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација која се однесува за македонската страна на премините.