Намалена видливост на дел од патиштата

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир со остатоци од кашест снег на коловозот.

Поради појава на магла на патните правци Страцин – Кратово – Пробиштип и Страцин – Куманово видливоста е намалена од 50 до 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 30 до 40 метри, соопшти Автомото сојузот во извештајот за состојбата на патиштата во 19 часот и 30 минути.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава