Намален бројот на заболени од грип

Од:

Вкупно 223 лица со грип и заболувања слични на грип се пријавиле последнава недела, од 7-ми до 13-ти април, што е намалување за 24,9 отсто во однос на претходната и 53,4 проценти во споредба со 15-тата недела минатата сезона.

Како што соопшти Институтот за јавно здравје, не е регистриран ниту еден смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип. Вкупниот број починати оваа сезона останува 12.

Во сезоната 2013/2014, заклучно со минатата недела, вкупниот број заболени од грип во Македонија изнесува 28.748 што е за 16,6 отсто повеќе во однос на истиот период лани и за 59,6 проценти во однос на просекот за 10-годишниот период. Најмногу болни се на возраст од 15-64 години, 65,1 отсто, а најголем морбидитет 238,2/10.000 е регистриран кај децата до 4-годишна возраст.

Бројот на заболени во 15-тата недела во однос на просечниот во изминатиот 10-годишен период, е поголем за 2,7 пати.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, покажува дека во февруари се пријавени 50 отсто од вкупниот број случаи во целата сезона. Во јануари се регистрирани 23,7 проценти, во март 21,1 отсто, а во првите две недели од април 1,8 проценти.

Најголем број заболени во текот на оваа сезона се регистрирани на територијата на Центарот за јавно здравје Скопје, 4.105 и Прилеп, 3.961, а најголем морбидитет 751,3/10.000, во Подрачната единица Кавадарци.

Епидемиолошкиот коментар е дека интензитет на активноста на вирусот на грип е низок, со задржување на трендот на континуирано опаѓање. Се регистрира главно спорадична појава на случаи на заболување. Се намалува и бројот на тестирани и на позитивни примероци од земен материјал за тестирање, од случаи на заболувања слични на грип.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски