А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Намален бројот на разводи, но и на склучени бракови

by А1он17/05/2019 - 13:26280
Share0

Намален е бројот на склучени, но и на разведен бракови, покажува статситиката. Минатата година се склучени 13.494 брака или 2,1 отсто помалку од 2017-та, а бројот на разводи достигнал 1.620 што е намалување од 18,8 проценти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Државниот завод за статистика, најмногу бракови, 1.665 или 12,3 отсто се склучени во август, а најмалку, 738 или 5,5 отсто во март. Најчесто е стапувањето во прв брак со 93 проценти учество на жените и 91,8 отсто на мажите. Во втор брак со учество од 7,7 отсто и во трет брак со учество од 0,5 проценти од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2018 година, најголем број бракови, 4 446, се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години или 32,9 отсто. Според возраста, и кај мажите најголем број бракови, 4.999 или 37 проценти се склучени во истата старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26,9 години за невестата и 29,6 години за младоженецот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Минатат година најмалку бракови, 63 или 3,9 отсто, се разведени во август, а најмногу, 172 или 10,6 проценти во декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи, 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.

statistika

Би можело да ве интересира

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:09

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Горан Наумовски11/06/2026 - 12:28

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Горан Наумовски30/05/2026 - 09:31

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски29/04/2026 - 10:3629/04/2026 - 10:39

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски20/03/2026 - 08:1120/03/2026 - 08:12

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

Горан Наумовски12/02/2026 - 08:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто