Намален бројот на мигранти во транзитниот центар „Винојуг“

Од:

Бројот на мигранти кои останаа во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ по затворањето на „балканската рута“ изнесуваше 240, а денеска тој број е под 70 поради постепеното нивно одлевање и неодамнешното заминување на поголема група мигранти, соопштија денеска од Центар за управување со кризи на Гевгелија.

Надлежните велат дека мигрантите преку Грција сакале да се вратат дома, но голем број од нив изразиле надеж дека ќе најдат нов пат до земјите членки на ЕУ, пред се до Германија.

Грижата за оние кои останаа во Гевгелија е постојана и секојдневна. Од РЦУК Гевгелија нагласуваат дека во кампот се обезбедени сите услови за згрижување на мигрантите во зимски услови.

– Бегалците се удобно сместени во затоплени контејнери. Имаат редовна здравствена заштита, добиваат по три оброци дневно. За нив се уредени 32 санитарни јазли и неколку за хендикепирани лица и мали деца, а имаат на располагање и пет перални за одржување на личната хигиена, велат надлежните.

Од страна на невладината организација „Млади правници“ на мигрантите им е обезбеден превод за остварување на законските права, а во соработка со Министерството за образование во кампот се спроведува проект за едукација на децата односно се одржува настава по неколку предмети на македонски, германски и англиски јазик и обезбедени се минимум услови за комуникација со најблиските преку интернет конекција.

Би можело да ве интересира

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски