А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Намален бројот на дела од организиран криминал во 2012 година во Тетовско

by А1он30/01/2013 - 14:43118
Share0

Десет кривични дела од областа на организираниот криминал или 6 помалку од претходната 2011-та година биле откриени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи во текот на 2012 -та година, информираше портпарол СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Во овие дела, подвлече тој, вкупно биле вклучени 12 сторители и тоа 10 во Тетово и 2-ца во Гостивар, против кои се поднесени 6 кривични пријави, за Тетово 4 и за Гостивар 2. Седум од овие дела се фалсификување пари, а останатите три се изнуда, противзаконито посредување и примање поткуп.

Од фалсификуваните пари пронајдени и пријавени лани биле 4 банкноти од 100 американски долари, две банкноти од 100 евра, но поединци подметнале и фалсификувани банкноти од 50, 500 евра, па дури и од 50 денари. Банкнотите биле со различен квалитет, но имало и такви кои на прв поглед можеле да се забележат дека не се оргинални, па и покрај тоа им биле подметнати на продавачите.

– За разлика од пред неколку години, лани и годината пред тоа значително е намален бројот на случаите со пуштање во промет на фалсификувани банкноти и особено на банкноти со поголема сума, изјави Јосифовски.

Сепак, Јосифовски апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни кога ги примаат различните банкноти, особено девизните и пред се на пазарите.

crna hronika

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски25/12/2020 - 22:13

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски25/12/2020 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен