НАкС: Образованието и науката се поважни од коцкарници и трговски центри

Од:

Независниот акдемски синдикат (НАкс) со соопштение го честита Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, воедно и патронен ден на најстариот универзитет во државава и на сите просветни работници, и порачува дека во време на оваа криза со пандемијата е крајно време Влдата да разбере дека науката и образованието се темел на државата.

„Празнувањето на Денот на сесловенските просветители оваа година годочекуваме во невообичаени околности – вонредна состојба, затворени училишта и факултети поради кризата предизвикана од корона вирусот. Пандемијата го освести светот дека животот, во буквална смисла, ни зависи од пожртвуваноста на здравствените работници, квалитетот на научно-истражувачките установи и стручноста на професионалците од различни области, кои се посветени во решавањето на низа проблеми кои ги предизвика корона вирусот. Политичарите и
јавноста ги очекуваат решенијата во оваа криза од овие луѓе, чии знаења и вештини се градени од во образовните системи и не се стекнати преку ноќ. Ефектите од корона вирусот кој го затекна целиот свет неподготвен и во голема мера ги надмина границите на здравствена криза, во нашата земја повторно ги исфрли на виделина наталожените проблеми во сите степени на образованието и науката.“, стои во соопштението.

Според НАкС, има недостаток на информатичка опрема, речиси никаква дигитализација на едукативните и научните ресурси, непостоење на однапред подготвени процедури и протоколи за работа на управните тела на образовните институции во случај на криза од каков било вид.

„Образовните институции и кадарот се препуштени да импровизираат во on line наставата,неретко без институционална поддршка и меѓусебна координација. Сепак, како што стручните лица во медицинските установи со натчовечки напори ги вложуваат сите свои знаења за да се справат со ситуацијата, така и професорите и наставниците, заедно со студентите и учениците даваат сè од себе да одговорат на предизвиците.  Од друга страна, Владата, наместо да го поддржи научно-образовниот систем, се обиде да ги скрати платите во високото образование и науката, како еден од „секторите без кој се може“. За да не дојде до тоа, на површина за првпат излезе солидарноста на синдикатите, вклучително и на НАкС, во борбата економските проблеми да не се решаваат на грбот на работниците и сиромашните. Потценувачкиот однос кон образованието кулминираше со ставот на министерот Арбер Адеми, кој во време додека се отворени коцкарници и трговски центри, а се планира и одржување избори, го забрани испитувањето на студентите во живо, а потоа ретерираше под притисок на јавноста. Дали е нужен притисокот на јавноста за владата да ја разбере улогата на образованието во нашето општество?“, велат од НАкС.

Тие порачуваат дека е крајно време образованието и науката да се стават во прв план и државата да сфати дека поддршката и вложувањето во овие дејности е најисплативата инвестиција што може да се направи на подолг рок.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови