НАкС: Апсурдно е ректорот на УКИМ да се повикува на слободата на синдикалното здружување и отворено да застане зад префериран синдикат

Од:

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека му понудил на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски да му бидат ставени на располагање резултатите од нивното истражување за подигнување на квалитетот на високото образование и за подобрување на социо-економскиот статус на вработените на УКИМ, но тој не ја прифатил понудената соработка. Од НАкС наведуваат дека не добиле поддршка ниту од УКИМ.

Напротив, посочуваат од НАкС, ректорите на УКИМ и на УКЛО на 21 јануари со дописи испратени до вработените преку деканатите на единиците иницираа формирање нов синдикат, игнорирајќи го нашето постоење, но и на СОНК – синдикат што исто така делува во високото образование.

– Образложението за ваквиот чин е дека мора да се потпише колективен договор на ниво на работодавач, и тоа единствено со нов репрезентативен синдикат, со еден единствен член на договорот – еднократно покачување на платите од 10 отсто како единствен начин вработените да го добијат ветеното покачување на платите. Така, вработените на УКИМ и УКЛО добија организиран повик за зачленување и пристапница само за новиот синдикат во основање. Ниту еден вработен на УКИМ, досега, нема јавно преземено одговорност за иницијативата за основање ваков синдикат. Единствениот гласноговорник на новиот синдикат во основање е сѐ уште ректорот на УКИМ, стои во соопштението.

Од НАкС посочуваат дека претставниците на Владата се оградиле од тврдењето на ректорот Јанкуловски дека тие го сугерирале основањето на новите синдикати и дека тие се обврзале да ги известат за нивната одлука дали исплатата на зголемувањето ќе се реализира со постоечките правни модалитети или, пак, со потпишување грански колективен договор.

– Намерно или од незнаење, во своите јавни настапи, ректорот Јанкуловски продолжи да ги дезинформира вработените на УКИМ и пошироката јавност дека потпишувањето колективен договор е единствениот начин вработените да го добијат ветеното покачување на платите, како и да го поддржува јавно и отворено новиот синдикат. Кулминација претставува неговото последно соопштение од 31 јануари во кое тој во име на Владата, известува дека Владата одлучила да пристапи кон измена на закон со цел да се реализира покачувањето на платите од 10 отсто и дека тоа било всушност првобитниот став на ректорите. Со последното тој всушност, ги демантира своите претходни тврдења дека не постои друг начин да се релизира ветувањето за покачување на платите – клучниот аргумент за основање нов синдикат. А, што се однесува до новите синдикални организации тврди дека било договорено тие да продолжат со своите активности, истакнуваат од НАкС.

Од НАкС информираат дека досега немаат добиено официјално известување од МОН за начинот на кој ќе се реализира зголемувањето на платите за 10 отсто. Но, потенцираат, доколку е навистина донесена одлука покачувањето да се реализира преку законски измени, тоа го сметаме за добар почеток на соработката со Владата и со МОН и цениме дека сме постигнале една цел.

Посочуваат дека колективниот договор е највисокото можно ниво на заштита на работниците и нивните права и дека притоа логичниот редослед е најпрвин да се потпише колективен договор на ниво на гранка, во случајов „образование“ или оддел „високо образование и наука“, па потоа да се потпишуваат колективни договори на ниво на работодавач, односно универзитет и дека НАкС ќе продолжи да работи во таа насока како релевантен фактор за колективно преговарање.

Според НАкС, апсурдно е ректорот на УКИМ, Јанкуловски да се повикува на слободата на синдикалното здружување, и притоа, отворено да застане зад еден префериран синдикат, а јавно и отворено да дискредитира друг, заборавајќи притоа дека поголем дел од членовите на НАкС се вработени на УКИМ.

– НАкС ќе продолжи со своите активности за да ја реализира својата крајна цел, колективен договор со кој на вработените ќе им бидат гарантирани плати согласно утврдени коефициенти во распон од 5 : 1 во однос на минималната плата, вклучително и за ненаставниот кадар кој треба да биде плаќан согласно степенот на сложеност на работното место, а МОН ќе преземе обврска од основиот буџет да ги покрива трошоците за минат труд, надоместоци на плата и сѐ што е неопходно за да се обезбедат соодветни услови за работа, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

НАкС: Очекуваме ректорот на УКИМ да ги сопре постапките за избор на ректор и Сенат, се до завршување на вонредната состојба

А1он

Отворено писмо на НАкС до ректорот на УКИМ и Универзитетската изборна комисија

Ана Ололовска

Претставка од НАкС до Инспекторатот за незаконски избор на сенатори на УКИМ

Ана Ололовска

Национален квалификациски натпревар по кинески јазик „Кинески мост”

Ана Ололовска

Антикорупциска од ДПИ ќе бара вонреден инспекциски надзор за постапката за избор на ректор на УКИМ

Ана Ололовска

Независен академски синдикат: Итно да сопре постапката за избор на ректор на УКИМ во вонредна состојба

Ландов