Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Од:

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -12 степени, по што следуават со -10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Kрушево и Виница.

Во Велес, Пожаране и Тополчани, Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира – 5 степени Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип, – 4, Претор, – 3, Струмица, Охрид, Кавардарци, Тетово и Битола – 2, Демир Капија -1, а во Гевгелија 1 степен.

На Попова Пашка има 24 снатиметри снег, 7 во Маврови Анови, 4 во Крушево.

Како што најави УХМР, изутринава е малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Денеска студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Денеска студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег