Денеска студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6

Од:

Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Според Управата за хитрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури.

Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови

Денеска студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски