Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Од:

На Попова Шапка изутрина во 7:30 часот се измерени -6 степени, -5 во Маврови Анови, -4 во Битола, Крива Паланка, Крушево и Берово, -3 во Претор и Тетово, -2 во Прилеп и Охрид, -1 во Струмица и Виница, а нула степени во Штип. Еден степен е измерен во Скопје-Петровец, два во Скопје-Зајчев Рид, три во Кавадарци и Демир Капија, четири во Дојран, пет во Велес, а шест степени во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на Попова Шапка има девет сантиметри снег.

На Попова Шапка наврна најмногу дожд во изминатото деноноќие, еден литар на метар квадратен.

УХМР информира дека во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево со слаб до умерен северен ветер.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени