Најсериозниот кандидат за премиер на Бугарија, Кирил Петков најави нов пристап кон Македонија

Од:

Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според Петков, треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Северна Македонија, во кои, според него, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието.

Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Петков кажа дека не е нормално ако некој сака со авион да стигне во Скопје, да поминува низ Виена, ниту пак е нормално да нема железничка врска што ги поврзува двете земји. Според него, не е нормално и бугарскиот бизнис полесно да работи во Австралија отколку во С Македонија, а истото важи и за македонскиот бизнис.

– Треба да почнеме да зборуваме за сите аспекти на добрососедските односи кои можат да имаат корист од тоа, вели Петков.

То смета дека работните групи треба да имаат јасни цели и да се состануваат еднаш месечно, а не на шест месеци.

– Бугарија мора да го брани својот национален интерес, а тие мора да го бранат својот интерес, но под заеднички именител дека двете земји имаат што да добијат од добрососедските односи, рече Петков.

Кирил Петков не одговори на директното прашање на БНТ дали Бугарија треба да го тргне ветото за Северна Македонија на 14 декември, велејќи дека е невозможно да се зборува за конечни резултати без работен процес и додаде дека овој процес ќе биде највисок приоритет на идното раководство на Министерството за надворешни работи на Бугарија, за да не се губи време.

– Не можеме да кажеме овој или оној датум без да видиме како се одвива овој процес. Сакаме да почнеме со добрососедство, добра волја и се надевам дека со многу конструктивност ќе се најде начин да се постигнат многу подобри резултати од досегашните, изјави Петков.

Тој потврди дека биде кандидат за премиер на Бугарија од името на коалицијата „Продолжуваме со промената“, а Асен Василев е најдобар кандидат за министер за финансии. Петков рече дека „Продолжуваме со промената“ нема да разговара со ДПС и ГЕРБ, туку ќе преговараат за коалиција со „Демократска Бугарија“, БСП и со „Има таков народ“. Идната влада на Бугарија мора да има целосен мандат, смета Петков

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов