А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка, повеќе од еден метар

by А1он26/01/2019 - 09:2426/01/2019 - 11:37247
Share0

Повеќе од еден метар снег е измерен утрово на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерени 83 сантиметри, 58 во Пожаране, 52 во Крушево, 51 во Лазарополе, 32 во Тетово, 31 Скопје – Петровец, 28 во Ѓуриште, 24 Демир Капија, 22 во Дебар, 20 Битола, 15 Скопје – Зајчев Рид, 11 во Охрид, 10 во Крива Паланка, Прилеп, Струмица, Куманово, 9 во Штип, Претор, 5 Виница, 2 Берово, 1 Дојран.

Добивај вести на вибер

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврово и Попова Шапка каде се измерени – 8 степени целзиусови. Во Скопје утрово се измерени -3 степени, а најтопло било во Гевгелија, Берово и Дојран наде температурата била 0 степени.

Во текот на ноќта на места, особено во јужните делови, имаше обилни врнежи кои во поголем дел од земјава беа од снег. Кон утринските часови интензитетот на врнежите се намалуваше, а наместа врнежите престанаа. Врнежи од снег со слаб до умерен интензитет утрово има во крајните јужни, источни и северозападни делови. На повисоките места и долж Повардарието дуваше умерен до засилен северен ветер.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните и јужните делови со повремени врнежи од снег со слаб интензитет, особено претпладне. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег и повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2 степена.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб снег претпладне. Ќе дува умерен, повремено и засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде до -1 степен.

Утре во текот на денот ќе биде претежно сончево, но со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по одделни котлини, како и со повремени врнежи кои во пониските места ќе бидат претежно од дожд.

snegvreme

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Горан Наумовски01/04/2026 - 07:34

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:51

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:34

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Горан Наумовски23/03/2026 - 09:10

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Горан Наумовски04/03/2026 - 09:17

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 10:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто