Најмногу се губат личните карти

Од:

Во првата половина од годинава во службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“ пристигнале 29.226 барања за објави за изгубени лични карти, свидетелства, разни дипломи, возачки и сообраќајни дозволи.

Пасош изгубиле и побарале објава за неважечка патна исправа 1.140 лица. Оваа бројка, велат од ЈП Службен весник, е речиси идентична со минатото полугодие, бидејќи за цела 2012 година пристигнале 2.401 барање за објави на неважечки пасош.

Посочуваат дека секоја година најмногу има објави за изгубени лични карти.

– Во текот на минатата година објави за неважечки документ побарале 21.182 лица, а годинава до 30 јуни, во службеното гласило се објавени 9.159 огласи за неважечка лична карта, прецизираат од ЈП Службен весник на РМ.

Оттаму потсетуваат дека граѓаните веќе не мора да доаѓаат на шалтерите за објава, туку тоа можат да го направат и по електронски пат на веб страницата www.slvesnik.com.mk или преку http://euslugi.slvesnik.com.mk/Announcements.aspx .

На истиот линк, за неважечки, може да се објават и возачка и сообраќајна дозвола.

– Пред две години  ЈП Службен весник на РМ преку  Проектот – Интеграција со надворешните системи, овозможи електронска размена со Министерството за внатрешни работи во делот на објавите за неважечки документи, а воведе и електронска наплата со користење на сите платежни картички кои имаат поддршка во Република Македонија, велат од Јавното претпријатие.

Додаваат дека годинава, за шест месеци, 1.513 лица останале без својата сообраќајна дозвола, а дури 2.519 без возачка дозвола. Минатата година, тоа им се случило на речиси 10.000 граѓани,  од кои 6.983 останале без возачка, а 2.769 без сообраќајна дозвола.

Објава на неважечки документ, може да се направи и на шалтерите на ЈП Службен весник на РМ во Трговскиот центар Буњаковец и во Младинскиот културен центар или, пак, во која било подрачна единица на МВР. На шалтерите граѓаните можат да ги подигнат веќе подготвените уплатници, соодветни за документот кој треба да го објават, да ги внесат потребните податоци и да ја уплатат цената за соодветниот оглас во која било банка.

ЈП Службен весник на РМ имформира дека за секоја уплата за објава на кој било од четирите документи што ги издава МВР, потребно е да се знае бројот на изгубениот документ, а барањето, односно уплатницата да биде уредно и целосно пополнета.

Би можело да ве интересира

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

Орце Костов

Од соседите, а не од Грција, ќе зависи дали ќе може да се патува со лична карта без „северна“

Орце Костов

Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко

Шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ ќе работат и денеска