Најмногу дожд во Струмица

Од:

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Струмица 34 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 29, Берово, Охрид и Виница по 20, Тетово 18, а осум литри во Скопје, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има снежна покривка од 13 сантиметри.

Утрово е променливо облачно, во делови од Скопската Котлина магливо. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он