Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Од:

ајмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи.

Според мерењата утрово во 8.30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнало во Маврови Анови, 23 во Крушево, 17 во Лазарополе, 16 во Штип и Пожаране, 15 во Виница, 14 во Попова Шапка, 13 во Битола и Прилеп, 12 во Дебар, 10 во Куманово, Тетово и Крива Паланка, девет во Скопје-Петровец и Претор, осум во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, седум во Велес, шест во Кавадарци, пет во Пожар, четири во Струмица и Берово и три литра во Дојран и Гевгелија.

УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат