Најголемиот конгрес досега, македонските лекари го одржаа онлајн

Од:

Заврши досега најголемиот одржан онлајн конгрес на лекари во земјава, што се одржа во организација на Македонското лекарско друштво, а во соработка со Медицинскиот факултет. На овој едукативен медицински настан имаше повеќе од 700 учесници и врвни предавачи од сите дејности во медицината од земјава и од странство.

Од Македонското лекарско друштво соопштија дека на конгресот биле презентирани исто толку трудови со актуелни теми за третман и лекување на одделни заболувања. Поради актуелната состојба на пандемија предизвикана од Ковид-19, голем дел од презентерите се осврнаа и со најнови сознанија, истражувања и третмани на пациентите во лекувањето од овој смртоносен вирус.

Во овие вонредни услови, 20. конгрес на лекари на Македонско лекарско друштво, кое на овој начин го одбележа и 75-годишниот јубилеј од постоењето, беше извонредна можност за стекнување нови знаења и размена на искуства. Виртуелната комуникација меѓу досега најголем број на пријавени лекари-учесници барем на кратко им го разведри секојдневието во кое тие ја водат најголемата битка за спасување на животите на болните од Ковид-19, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Демократите поради Трамп бараат да се активира 25-тиот амандман

Американскиот Конгрес го усвои законот за одбрана, вклучувајќи поддршка за Украина и Европа

„Волстрит журнал”: Републиканците ќе имаат тешкотии да го одржат мнозинството во Конгресот

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он

По Конгресот, и американскиот Сенат донесе одлука за објавување на досиејата на Епштајн

Горан Наумовски

Конгресната борба на републиканците за спроведување на „популарните“ мерки на Трамп