Најголем дел од жртвите на трговија со луѓе во Македонија се малолетни лица

Од:

Жените жртви на насилство се повеќе се охрабруваат да го пријават малтретирањето, покажува анализата на ЕСЕ и УСАИД. Во период од 6 месеци во судовите во Македонија имало 188 судски рочишта за насилство врз жените.

Најчест вид на насилство е физичкото насилство. Во периодот од 6 месеци, четири насилства завршиле со убиство, пет со тешки телесни повреди и 20 со лесни телесни повреди, а 15 луѓе пријавиле психичко малтретирање.

– Има вкупно 80 предмети од кои 65 се за семејно насилство, 6 за трговија со луѓе, 3 за силување и еден од сексуална работничка, рече Марија Гелевска од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Таа додаде дека четири од шесте случаи со трговија на луѓе се малолетни лица.

Судијата од основниот суд во Штип, Стојан Михов искажа незадоволство во начинот на кој се суди семејното насилство. Тој нагласи дека имал предмети каде е вршено семејно насилство врз Албанки кои се мажени со Македонци, но во најголемиот дел од случаите, жените го повлекуваат предлогот за гонење.

– Тие се мажени во Македонија и тука немаат никого. Поради тоа, размислуваат дека нема каде да одат, па се одлучуваат да го повлечат предлогот за гонење. Само во оние случаи кога родителите на сторителот се одлучуваат да го пријават, тогаш предлозите не можат да ги повлечат жртвите, рече Михов.

Судијата додаде дека жртвите не треба воопшто да бидат сведоци бидејќи поради притисок од насилникот или семејството, тие ја повлекуваат тужбата.

– Алтернативната мерка не смее да се практицира, над 50 отсто од насилниците се осудени со таква казна и можат да продолжат да го вршат насилството, рече Михов.

Судијата Андон Атанасов од основниот суд во Радовиш рече дека според новиот закон за семејно насилство, сторителот најчесто се брка од домот за разлика од претходно, кога жртвата била онаа која го напуштала домот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Oткриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе во Белгија

А1он

Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Во Централна Америка уапсени 45 шверцери на луѓе