(ВИДЕО) Најдрските примери на грабеж ќе се презентираат во Универзална сала во вторник

Од:

За изборните криминали ќе слушнете во неколку циклуси, има многу пострашни работи од овие денеска, сега се јасни ставовите на СДСМ за изборите, а ќе станат уште појасни.

Во вторник во Универзална сала во Скопје, ќе бидат презентирани најдрските примери на грабеж на изборите од страна на Никола Груевски и неговите соработници. Да не дозволиме ова да се повтори уште еднаш во Република Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој по прес-конференцијата одговараше на новинарски прашања.

П1: Господине Заев, како ги коментирате осудите упатени до вас од голем број на претставници од Европскиот парламент, вклучувајќи ги тука Ксукла, Мариони?

Јас би ги коментирал изјавите од Стејт департмент, од американскиот претставник од ОБСЕ. Би ја коментирал изјавата на пратеникот од партијата на Меркел, десноориентирана партија во Бундестагот, за состојбата во Македонија. Би ги коментирал изјавите на сите амбасади коишто се во оваа наша земја, а коишто се растеретени од партиски договарања за каков вид на изјави да дадат. Ако некому, којшто е под комплетна контрола на власта, сеуште не му е јасно ништо, на мнозинството наши граѓани им е јасно сé. А на меѓународните претставници, верувајте, им е уште повеќе јасно.

П2: Господине Заев, ме интересира дали се доживувате како Едвард Сноуден и дали евентуално ќе барате азил некаде надвор од Македонија за ова што го правите? Дали ќе побарате азил после сé ова? Дали се доживувате како Сноуден?

Моето место е тука. Не само да бидам тука, да водам најхрабро, најрешително, повеќе од сите. Потенцирам, во овој период, сите овие изминати денови, не само СДСМ и опозицијата, туку и студентите, независните медиуми, интелектуалците, сите оние граѓани коишто го чувствуваат тоа, дека се работи за слободата и демократијата на нивната земја, покажаа на цел свет дека има демократски капацитет во оваа земја. Да реагира благовремено, онака како што мора и треба, за да се спаси државата, за да се вратат слободата, демократијата и европските вредности во нашата земја. Тоа треба да им е јасно на сите наши пријатели коишто во овој период ќе и помогнат на Македонија. Честа и достоинството на Македонија мора да се поддржи оти наша цел е да бидеме нивни партнери во НАТО и во Европската унија. Понижени и погазени нема да им вредиме. Покажавме, сите ние граѓаните, дека си ја сакаме земјата и дека оваа наша земја може да биде партнер со сите европски земји, рамо до рамо.

П3: Господине Заев, дали имате снимки кадешто албанските партии прават притисок врз граѓаните и администрацијата?

Еве денеска видовте како тие дале наредба автобусите да одат на технички преглед, партијата на власт. Секако, сé што постојат снимки за било какви незаконски или кривични дела, ќе бидат обелоденети, без разлика за кој се работи. Без разлика, дали е македонска или албанска партија.

П4: Господине Заев, дали имате снимки кои покажуваат, кога е прекинат пописот на населението, снимки во врска со тој целиот процес, зошто прекина инт.?

Секако, постојат снимки од кои причини е прекинат пописот. Внимателно ќе го следите целиот овој процес којшто го водиме, ќе слушнете и за таа работа.

П5: Господине Заев, рековте веќе никој да не се осмели да го прави ова истото, да седне и да прислушува. Но, како може да се постигне таа гаранција? Вие ли можете да ја дадете таа гаранција? Боедно, каква гаранција има околу материјалите, откако сето тоа ќе заврши?
Јас можам само да го повторам тоа што досега го кажав. Тоа што зависи од мене, на внимателен начин се пласира во јавноста и на внимателен начин безбедно се заштитува. Проблемот е што најверојатно, многу повеќе од посед на тоа што имаат опозицијата, имаат Сашо Мијалков и Никола Груевски. Затоа, не можам, ниту е чесно, да кажам дека до крај ќе понудам гаранции да материјалот биде заштитен. Но, гледате внимателно како тоа го правиме во целиот овој процес.
Знаете, има и чувствителни снимки коишто влегуваат во личната природа, а истовремено, во овие исти снимки и телефонски разговори, има незаконски и криминални дејствија. За да не бидеме обвинети дека нешто монтираме, сечеме или, не знам, додаваме, тие снимки не ги објавуваме затоа што е цела полумента од криминални докази на оваа власт, па има што да се соопшти во јавноста за да знаат. Така да, ќе морате Сашо Мијалков и Никола Груевски, коишто тоа го правеле во целиот овој период, да ги кажат и гаранциите за оваа работа.

П6: Господине Заев, седми пат објавувате компромитирачки материјали, а од друга страна, агендата на премиерот на појавување во јавноста е сé поинтензивна и поинтензивна. Секој ден промовира некои нови проекти и вработувања. Еве денеска гледаме и неговите министри се низ Македонија и едноставно, сакаат на јавноста да и покажат дека сé е нормално и ништо не се случува. Сметате ли дека доброволно ќе отстапат од власта или Македонија се движи кон некое друго сценарио?

Не е ова ништо ново од Никола Груевски и неговите соработници. Впрочем, се обидуваат целиот овој период да и пласираат на Македонија, на нашите сограѓани извитоперена реалност. И тоа го прават. Ако додадете дека се работи за нивната сопствена кожа, тогаш, што би направиле луѓето? Можат, секако, да направат нешто. Можат барем последниот чекор да го направат во прилог на Македонија. Ако сиве овие години правеле спротивно на интересите на Македонија, можат да го направат тоа. Јас не знам, ниту некој може да каже до крај, што ќе биде процесот којшто ќе се случува во државата.
Но, морам и можам да кажам дека јас сум должен вистината да ја објавам од почеток до крај. И со сето она што опозицијата, заедно со овие луѓе позади мене, со сите партии, да го контролираме целиот овој процес, за да биде позитивен процес за Македонија, а да не тргне во негативен процес. Имаме сила, имаме храброст, имаме можност тоа да го спречиме, ако некој се обиде тоа да го направи. Секако вистината ќе излезе до крај, којашто на крајот, ќе направи неколку потврди за во иднина. Никој да не се осуди повеќе тоа да го направи. Второ, ќе ги ослободи сите овие заробени процеси во државата. И би требало да биде ветер во грб за нашата Македонија. Да чекори со малку посилно едро и посилен ветер. Да може да донесе подобра иднина на сите граѓани. Таа е нашата надеж. И затоа реков, ако се обиде некој да замисли да прави било какви тензии во државата, прво, тоа ниту ќе му успее, ниту тоа ние, ама и вие, сите заедно, нема да му го дозволиме.

П7: Господине Заев, во контекст и на претходното прашање. Со оглед на тоа, како што рековте во одговорот, како сето ова би завршило, неколкупати новинарите прашуваа каква завршница очекувате, правна или политичка, тука веќе се ни е јасно. Ве прашувам повторно каква завршница очекувате? Како можност два одговора. Очекувате дека народот ќе ја земе судбината во свои раце и ќе нападне во таа гипсана влада? Или очекувате дека меѓународната заедница ќе интервенира па така ќе се реши ситуацијата?

Секако нормално е однапред да се димензионираат идните потези и идните можности, и иднината, генерално. Секој сака да зборува за ова, ве молам само со трпение да го следите целиот овој процес. Голем дел од одговорите ќе се случат во следните чекори кои следуваат. Најголем дел од тоа што директно ме прашавте, повелете во Универзална сала, како претставник на медиум, ќе слушнете дел од разговорот. Односно ќе слушнете дел од она што беше поставено како прашање а да биде ваш одговор.

П8: Господине Заев, Могерини пред некој ден упати порака дека веќе не е прашање дали Македонија е стабилна. Еврокомесарот за проширување Хан вели дека европскиот парламент размислува за помош во Македонија. Стево Пендаровски вчера рече дека власта нема капацитет да се справи со политичката криза и дека потребна е интервенција од надвор. Има ли конкретно нешто, дали вие би прифатиле таков предлог? Со оглед на фактот и премиерот Груевски вчера изјави дека не било прашање колку евро пратеници ќе дојдат бидејќи тие имаат аргументи и факт.?

За нас е прифатливо се што е во интерес на оваа наша земја, каде можеме да дадеме придонес и прилог за позитивна разрешница на оваа работа. Но притоа ова зло да замине. Прифатливо е се. Нашите суети и нашите чувства ги оставивме дома кога тргнавме заедно да ја носиме и враќаме слободата и демократијата во нашата земја. Подготвени сме на се ако има било какви најави. Секако како и до сега на транспарентен начин ќе бидат обелоденети, односно објавени, за да можат и вие новинарите и граѓаните да бидат запознаени.

П9: Господине Заев велите дека опозицијата со години е прислушувана а досега слушнавме само еден разговор во првата бомба. Дали следуваат разговори од опозицијата во следните бомби?

Јас реков, луѓе што биле мета целиот овој период жално е да ги пуштите и повторно некој со нив да се сити. Затоа објавуваме само незаконски, криминални или неетички дејствија против државата, на поединци. Ако има таков од опозицијата исто така ќе го објавиме. Вчера, нашата заменик претседателка, генералниот секретар претседателскиот кандидат Пендаровски, Тито Петковски како претседател на НСДП, и до скоро претседателот на ЛДП, Жерновски, доставија обемни папки до Јавното обвинителство како доказ во прилог од своите разговори коишто се случувале. Јас само реков огромно мнозинство од процентот што го имаме во наши раце и опозицијата.

П10: Постојано велите дека судскиот систем е корумпиран. Дали пресудите во случајот Монструм биле оправдани?

Кога ќе соопштиме детали околу овој предмет сами ќе заклучите што се случувало во самиот предмет. Онолку колку што поседуваме докази.

П11: Господине Заев дали сте под притисок и дали примате закани?
Не. Апсолутно ниту јас ниту некој од моите соработници досега има некој притисок, некои закани или слично.

П12: Ве повикаа да им купите автомобили. Како го коментирате тоа?

Знаат многу добро граѓаните кој е Заев. Јас водам и општина и како сум помагал секогаш на секому кога му било потребна помош. И тоа ќе продолжам да го правам во иднина. Кој и да се обрати до мене, ако му треба помош ако е во моја моќ би го направил тоа веднаш секогаш и за секого.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски