Најчевска: Кецарошчињата од власта сакаат да не вовлечат во нивната игра без ум и разум

Од:

Професорката Мирјана Најчевска реагира на написите на медиумите блиски до власта дека, како што велат во насловите, СДСМ-овска професорска листа е со нула објавени трудови со импакт фактор.

Всушност со ова, пишува Најчевска на својот ФБ профил, Владата признава дека донела противуставни промени.

Еве го нејзиниот статус:

najcevskaStatus

Да драги мои, тоа прават кецарошите. Кога не знаат нешто тие почнуваат да зборуваат за болната мајка, починатата баба, автобусот што доцни, комшијата кој ждрига и спремни се да зборуваат за се, само да не одговараат на поставеното прашање.

А прашањето е: зошто власта си дозволува негирање на автономијата на Универзтетот и со тоа отворено кршење на Уставот на Република Македонија, односно, загрозување на нејзиниот уставен поредок?

Наместо да одговорат на поставеното прашање кецарошчињата од власта сакаат да не вовлечат во нивната игра без ум и разум, без правила и ред. Сакаат да не внесат во затворениот круг на себедокажување во кое ќе заборавиме кој бил всушност оној кој требало да одговара.

Што мислите што ќе се случи ако им наведам труд објавен во списание со импакт фактор (кој лично не го признавам како мерило на мојата стручност исто како што не го преизнаваат ниту професорите во Европа и во светот)? Ќе речат е, ама само едно. Ако дадам две, ќе кажат: само две. Ако дадам три, ќе кажат, ааа ама не се во последните 5 години. Ако дадам од последните 5 госини ќе кажат, а во последните две? И така натака и во бескрај.

Затоа, да се разбереме.

Професорите се тие кои ја контролираат власта (како граѓани и како професионалци и стручњаци), а не власта професорите. Разбирате?

Професорите се тие кои ги испрашуваат кецарошчињата од власта, а не обратно.

Професорите создаваат систем на евалуација на власта, а не обратно.

За да станеш пратеник или министер или премиер не се бараат никакви квалификации, не се бараат никакви проверки, не се бара никаква професионалност, не се бара знаење, не се бара стручност.

Професорот е стручњак во одредена област кој станал стручњак следејки соодветна процедура, стандарди и проверки од страна на професионалци од неговата област. Се разбира, не зборувам за новокомпонраните професори кои ги отвораат сите врати со партиската книшка.

Заради ова, мислам дека засилениот и раширен напад врз професорите е со цел да се сврти вниманието од прашањето кое не можат (или не смеат ) да го одговорат.

И, да, постигнаа нешто многу страшно. Од овој момент го поддржувам секое здружување на професорите, па и она во кое е вклучена Ванковска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири