Професорката Мирјана Најчевска, се изјасни преку својот Фејсбук профил за случајот „Шпион“:
Мојата паметна мајка ме праша: добро бе Мими, си видела ли ти во светот некој шпион кој цело време вака се екпонира, постојано атакува врз власта и отворено ги изнесува своите несогласувања со политиките што се водат? Зар шпионите не треба да делуваат во тајност за да можат да ги соберат потребните податоци и што е можно повеќе пари да си заработат со продавање на истите?
Мајка ми е навистина многу паметна, за разлика од поголем дел од мојот народец кој успева да проголта се и сешто (и тоа без вода).
Нелогично е нели? Ако сакале да заработат од продавање државни тајни, тогаш кој андрак цело време би зборувале против власта? Ако сакаат да заработат од уцени, тогаш зошто би го навлекувале вниманието на себе? Ако сакаат тајно да се состануваат, тогаш зошто викаат на цел глас?
Како правник јас морам да се потпирам пред се на елементарна логика (правото е пред се многу логичен концепт на нешта кои произлегуваат едни од други). Кога ќе видам вака апсурно, нелогично нешто, веднаш се сомневам во измама на власта која очигледно им фрла песок во очи на граѓаните со многу спектакли, големи зборови и повикување како и секогаш на веќе офуцаната и измрцварена фраза за патриотизам и одбарна од лошите Грци и сите непријатели на големата Македонија.
Го молам мојот отапен, замајан, дезориентиран и приглуп народец да ги собере сите сили и да проба да излезе од стапицата на натамошно заглупување и отворено мамење.