Најавата за прекин на водата во Скопје е закана за Арсовска: Се пресметуваат со мене, Обвинителството да реагира

Од:

Најавите за штрајк и прекин на водоснабудвањето во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, ги смета за закани. Таа повика Обвинителството да реагира, за како што рече, заканата да не се реализира. Според неа, штрајкот кој го најавува „Водовод“ не е за работнички права, туку за политички поени.

„Со оглед на фактот дека изминатите денови се шират шпекулации за наводни проблеми во функционирањето на јавните претпријатија. Ова конкретно се однесува на Водовод и Канализација, за кое информирам наспроти паниката која сакаат да ја креираат неколкумина лица, Градот Скопје има континуирано снабдување со вода. Најавите за штрајк и блокада, би сакала да кажам дека ги охрабрувам своето право на штрајк да го практицираат секогаш кога сметаат дека работничките права се прекршени. А до вработените сакам да апелирам да не дозволат да бидат инструмент на неколкумина поединци кои сакаат да се вплеткуваат во политички пресметки“, кажа Арсовска.

Синдикалните организации треба да ги штитат правата работниците, а не на неработниците, потенцираше скопската градоначалничка.

„Нападите и заканите доаѓаат во момент кога е најавено департизација на Градот Скопје и има најава за оптимизација на работните процеси. Во конкретниот случај, овие лица кои наводно се борат за работничките права на десетина вработени, треба да ја кажат вистината зошто ова што се случува во овој момент, не е нешто што е борба за работнички права. Најавен беше прекин на водоснабдување во Град Скопје. Апелирам до Јавното обвинителство и сите кои што сметаат дека ова е индиција за попречување на работата на јавното претпријатие, да си преземат дејствија за оваа закана да не се реализира“, додаде Арсовска.

Според неа, Водовод е претворено во биро за вработување. Таа додаде дека вработените поради кои ССМ има реакции, и натаму работат во Водовод, за истата плата, но за разлика од порано, според неа, сега имаат обврски и не седат.

„Водовод и Канализација не ги врши своите основни функции а тоа е да гради водоводна структура. Имаме дефицит на технички персонал, а имаме огромна бројка на администрација“, додаде таа.

Во Водовод и Канализација работат над 1.200 вработени. Арсовска смета дека со неа се преместуваат преку бранење на неработнички права.

„Сакам да ги смирам граѓаните и да потенцирам дека градот ќе има непречено снабдување со вода“, додаде Арсовска.

Би можело да ве интересира

Данела Арсовска: Јулијана Спировска по наредба на ВМРО континуирано прави опструкции додека градот не се удави во смет

А1он

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат

А1он

Арсовска: Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот

А1он

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

Циркус и парада пред локални, вака министерот за внатрешни ги оценува обвинувањата од Арсовска

Катерина Ѓуровски