Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Од:

Надоместоците кои ги земале јавните обвинители вработени во СЈО и сите нивни соработници ќе бидат предмет на ревизија од страна на Државниот завод за ревизија, најави денеска главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

На ревизијата ќе работи тим од тројца ревизори од 1 февруари 2020 година.

Направени се неколку состаноци со Јавното обвинителство, посочи Ацевски, и почитувајќи го интересот на граѓаните и сите засегнати страни одлучивме да направиме ревизија на надоместоците.

– Од 1 февруари 2020 година започнување со работа. Направивме неколку координативни состаноци со претставници на Јавното обвинителство за преземање на целокупната документација. Се работи за документација што има одредена ознака на „класифицирани информации“ и мора да се создадат услови за нивно соодветно чување во нашите простории. Утврден е ревизорскиот тим и ставен е во годишната програма за работа и по завршување на ревизијата ќе бидете соодветно известени, изјави Ацевски.

Прашан што ќе биде предмет на ревидирање, Ацевски, рече дека ќе се проверуваат само надоместоците.

– Јавното обвинителство настапи со конкретно барање. Во суштина бараше да се изврши ревизија на сите надоместоци кои се исплатени на вработените во СЈО и на нивните соработници. Почитувајќи го нивното барање ние постапивме и затоа тоа ќе биде дел на ревизија., изјави Ацевски.

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска оствари работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија, предводени од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

Орце Костов

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески