ВИДЕО: Над илјада охриѓани побараа враќање на слободата

Од:

Опозицијата вечерва ги продолжи протестите во Охрид, во паркот пред споменикот на Св. Кирил и Методиј со граѓански парламент на кој присуствуваа околу илјада граѓани, на чии прашања, меѓу другите, одговараше претседателот на ВМРО-НП ОК Охрид, Ванчо Костоски.

Тој посочи две причини заради кои денес во провладините медиуми се прикажувало намалување на невработеноста. Како прво, тоа се должи на тоа што власта со трикови избришала од евиденција голем дел невработени заради нередовно пријавување, а како втора причина го посочи масовното ислелување од земјава, па според некои податоци, од 2007 до денес ја напуштиле околу 300.000 млади луѓе.

– Властите спремаат ликвидација на ЕМО која ја одложиле само заради изборите, а која потоа сигурно ќе ја спроведат. Со бројните лаги ВМРО-ДПМНЕ добиваше избори, на охриѓани Груевски им вети фабрика за автогалантерија која требаше во Охрид да вработи 1.000 луѓе, а која до денес, 6 години од како бомбастично ја најавија, никаде ја нема – истакна тој.

Костоски ги повика охриѓани како што во 1990 година народот излегол на плоштадите да бара демократија, сега ќе мора на сличен начин да ја враќа назад слободата, демократијата и правдата.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он