Над 90 геодети ќе продолжат со работа со старите лиценци

Од:

Геодетите кои се стекнале со лиценци меѓу 2005 и 2008 година, а имаат работно искуство над десет години нема да мораат да ги обновуваат лиценците за работа во периодот 2015-2018 година ниту пак да го дозаокружат своето образование.

Тие до пензионирање ќе можат да работат со веќе добиените лиценци.

Ова го предвидува амандманот на измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што денеска беше прифатен на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во членот 65 од измените и дополнувањата, кој предвидува геодетите да ги продолжат лиценците во периодот од 2015 до 2018 година, се додава став 3 со кој практично се предвидува изземање на 91 геодет од над 200 во државата.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека со нивниот амандман овие лица повторно ќе имаат право да работат до нивното пензионирање иако немаат високо образование.

Претходно Роза Топузовска Каревска од ЛДП побара членот 65 да се избрише, но потоа го повлече амандманот и го поддржа решението предложено од нејзините колеги.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска