Над 400 професори предупредуваат: Гласањето на законот ќе значи губење на легитимитетот на Собранието

Од:

Над 400 универзитетски професори со писмо се обратија со пратениците од кои бараат да не го гласаат Законот со кој се воведува државен испит и да се остави простор за дијалог и разумно решение. Во писмото го повикуваат и преседателот на државата, доколку се изгласа законот да не го потпишува. Професорите укажуваат дека ваквиот чекор од парламентот и од претседателот ќе значи губење на нивниот легитимитет, по што ќе се премине на широк граѓански отпор.

Следува интегрално писмото на професорите. 

Почитувани пратеници во Собранието на Република Македонија,

Пред вас наскоро ќе се најдат предлог-закони за измени и дополнувања на законите во областа на високото образование, како и нови предлог-закони чија содржина енергично ја отфрлија или, во најмала рака, суштински ја оспорија оние што тие закони најмногу ги засегаат – студентите и универзитетските учители. Ви се обраќаме за да ве повикаме да ја запрете понатамошната постапка и за да нè сослушате пр ед да донесете одлука што може скапо да нè чини и нас, и вас и целокупното наше општество.

Имено, пред вас наскоро ќе се најдат предлог-закони што се оспорија на стручни расправи и со прогласи во јавноста и против кои на улиците гласно и видливо се изјасни десетилјадна поворка од студенти и учители, откако предлагачот ги пренебрегна нивните повици за суштински разговор, кој мора да се води врз основа на издржани анализи и наоди, поткрепени со докази. Тоа се предлог- закони за чиј концепт и за чии текстови предлагачот во кратки рокови побара мислење од единиците на универзитетите и кои мнозинството од нив недвосмислено ги отфрлија како противуставни, нехумани, штетни, скудно и противречно составени, како полни со недоследности и со нелогичности, како неспроводливи и, најважно од сè , како средства за конечно уривање на универзитетската автономија. Меѓу другото, студентите и академската заедница побараа да се напуштат тамошните решенија и да се одложи донесувањето на овие закони, а постапката да се врати на почеток за да се стави на здрави нозе и заеднички со студентите и со академската заедница да се согледаат корените и причините за проблемите во високото образование, и тоа со анализа во која ќе се вклучат сите фактори за да може да се дојде до најделотворните решенија за нашиот високообразовен систем со сосема нов закон. Но, предлагачот и Владата не ги сочекаа ниту овие мислења и, пред воопшто да измине рокот што самите им го дадоа на универзитетите, ги усвоија предлозите и ги проследија во собраниска процедура. Против овој чин јавно, со име и презиме, се изјаснија и над стотина универзитетски учители, а, еве, денес нивниот број многукратно се зголеми.

Кон овие повици, со лични јавни дописи и со писма потпишани групно, се придружија осумдесетина од највидните светски мислители и филозофи, кои предаваат на најугледните светски универзитети.

Затоа, со оглед на гласноста и на многубројноста на овие недвосмислени пораки, ве повикуваме да го примените основното начело на демократијата – да го сослушате гласот на засегнатите страни. Оттука, ве повикуваме да не ги донесувате овие предлог-закони со кои, да наведеме само неколку начелни забелешки, се воведува концепт на државен испит каков што не познава ниту една цивилизирана држава во светот и кој задира во автономијата на универзитетите; со кои се задира во определувањето на студиските и на предметните програми, кои секаде во светот, по правило, слободно ги изготвуваат самите установи и наставниците; со кои министерот во која и да е влада, сегашна и идна, кој е политички именувано лице, ќе дава согласност за рецензентските комисии за избор во звање на наставниот кадар во разни научни области, целосно уништувајќи ја автономијата; со кои се наметнува користењето одредена преведена или каква било литература, иако на сите светски универзитети цивилизираната држава тоа не смее да го прави; со кои би се применувале нелогични решенија неспојливи со разнородните научни дисциплини; со кои се обезвреднуваат јазиците што се говорат во Република Македонија и другите светски јазици за сметка на англискиот; со кои по автоматизам би се обезвредниле индивидуалните постигнувања на кандидатите од еден универзитет единствено врз основа на педигрето на друг универзитет, наместо со вреднување на личното постигнување, по силата на множество критериуми… Списоците со вакви забелешки се огромни и патуваат до предлагачот, но предлагачот не ги ни сочека.

Во продолжение следуваат потписите

Бојан Шоптрајанов, академик

Катица Ќулафкова, академик

Љупчо Коцарев, академик

Абдулменаф Беџети, академик

Газанфер Бајрам, академик

Димитар Димитров, професор во пензија

Мирослава Момирска Марјановиќ, професор во пензија

Ѓорѓи Марјановиќ, професор во пензија

Венко Андоновски, професор

Руфи Османи, професор

Анета Серафимова, професор

Земри Елези, професор

Билјана Ванковска, професор

Катерина Колозова, професор

Гордана Силјановска Давкова, професор

Јасна Котеска, професор

Гордана Попсимонова, професор

Слободан Унковски, професор во пензија

Љубинка Басотова, професор во пензија

Сефер Тахири, доцент

Наде Проева, професор во пензија

Теута Шабани, доцент

Игор Јованоски, асистент

Артан Садику, асистент

Огнен Чемерски, асистент

Маргарита Бузалковска-Алексова, професор

Маја Бојаџиевска, професор

Милева Ѓуровска, професор

Гоце Смилевски, доцент

Елизабета Аврамовска, професор

Никос Чаусидис, професор

Гордан Калајџиев, професор

Томе Николоски, професор во пензија

Мартин Панчевски, професор во пензија

Звонко Никодиновски, професор

Трајче Стојанов, доцент

Дана Прелиќ, професор

Маја Мухиќ, професор

Богдан Богданов, професор

Лидија Капушевска Дракулевска, професор

Игор Вецовски, професор

Симона Груевска-Маџоска, професор

Елка Јачева Улчар, професор

Радица Никодиновска, професор

Небојша Вилиќ, професор

Елјеса Касо, професор

Марија Ташева, професор во пензија

Зоран Анчевски, професор Емина Авдиќ, доцент Жанета Трајкоска, доцент

Јасмина Делчева Диздаревиќ, професор

Воjислав Саракински, доцент

Хасан Јашари, професор

Румена Бужаровска, доцент

Елизабета Шелева, професор

Антоанела Петковска, професор

Константин Миновски, професор

Дона Колар-Панов, професор

Невзати Кренаре, професор

Грчев Александар, професор

Македонка Митрова, професор

Маја Стевановиќ, професор

Темелко Ристевски, професор

Агни Алиу, професор

Искра Пановска-Димкова, професор

Марија Ѓорѓиева Димова, професор

Оливер Зајков, професор

Владимир Радевски, професор

Катерина Велјановска, професор

Димитар Апасиев, асистент

Сузана Алиу, професор

Ана Крстевска, асистент

Ристо Солунчев, доцент

Светлана Камџијаш, професор

Ружица Манојловиќ, професор

Наташа Англоска Галевска, професор

Сретен Андонов, професор

Татјана Прентовиќ, професор

Љубица Костовска, професор

Владимир Борозанов, професор во пензија

Мариета Петрова, доцент

Драган Славков, професор во пензија

Анастасија Ѓурчинова, професор

Арафат Шабани, професор

Златко Левков, професор

Здравко Савевски, професор

Владимир Каранаков, професор

Методија Атансовски, професор

Марија Маџар-Рибар, асистент

Марија Пандевска, професор

Тодор Ношпал, професор

Лилјана Пановска, професор

Весна Мојсова-Чепишевска, професор

Сузана Арбутина, асистент

Милица Ристовска, професор

Зоран Велковски, професор

Наташа Аврамовска, професор

Куштрим Бектеши, асистент

Синоличка Трпкова, професор

Валентина Миронска-Христовска, професор

Роза Тасевска, професор

Бујар Рауфи, доцент

Сузана Никодиновска-Банцотовска, професор

Ангелина Бановиќ-Марковска, професор

Сергеј Цветковски, доцент

Елена Градишки, професор во пензија

Марина Тунева, предавач

Горан Зенделовски, доцент

Гезим Џафери, професор

Руска Ивановска-Наскова, доцент Ивица Милевски, професор Снежана Трпевска, доцент

Татјана Улчар-Ставрова, професор во пензија

Тања Милошевска, доцент Викторија Боровска, доцент Ана Пејчинова, доцент Јордан Шишовски, доцент

Зоран Здравковски, професор

Милица Миркуловска, професор

Станко Павлески, професор

Михаил Раду Атанасов, лектор

Емилија Црвенковска, професор

Слободанка Стевческа, доцент

Oлга Пешевска Заревска, професор

Славица Србиновска, професор

Никола Петров, професор

Мери Каранфиловска, научен соработник

Магдалена Симионска, надворешен соработник

Марија Цветковска, библиотекарка

Игор Мицевски, предавач

Боце Митревски, професор

Владимир Мартиновски, професор

Калина Малеска, доцент

Бојан Георгиевски, генерален секретар на Високата школа

Татјана Б. Ефтимоска, предавач

Дејан Андонов, предавач

Весна Шопар, професор

Љупчо Меловски, професор

Маја Геровска Митев, професор

Билјана Секуловска Габер, професор

Елена Ончевска Агер, доцент

Зоран Киткањ, професор

Елисавета Поповска, професор

Ирина Бабамова, професор

Снежана Петрова, професор

Нина Анастасова Шкрињариќ, професор

Милан Дамјаноски, асистент

Искра Стаменкоска, предавач

Мемет Мемети, доцент

Агрон Рустеми, доцент

Дивна Пенчиќ, доцент

Јонуз Абдулаи, професор

Али Пајазити, професор

Фадил Зендели, професор

Емилија Бојковска, професор

Благоја Јанаков, професор

Каролина Ристова-Астеруд, доцент

Даворин Трпески, доцент

Сенка Анастасова, доцент

Ана Ашталковска Гајтаноска, доцент

Ванчо Кенков, професор Људмил Спасов, професор Игор Трајковски, професор Марко Трошановски, предавач

Александар Стамболиев, предавач Ана Мартиновска, професор Станислава Тофоска, професор Татјана Котева-Мојсовска, професор Весна Димовска, професор

Игор Андреевски, професор Весна Макашевска, професор Сузана Симоновска, професор Крсте Шајновски, доцент

Олга Галбова, професор Гоце Наневски, професор Тихомир Стојановски, професор Мира Трајкова, професор

Севда Лазаревска, лектор

Лина Данова Калајџиева, предавач Гордана Апостоловска, професор Вели Креци, доцент

Кирил Барбареев, доцент

Сузана Диневска-Ќовкаровска, професор

Ирена Павловска, лектор

Хисмет Рамадани, асистент Наташа Алексоска, виш лектор Лилјана Стефановска, професор Ласко Баснарков, професор Иван Грозданов, професор Маргарита Велевска, професор

Сања Михајловиќ Костадиновска

Соња Стојменска-Елзесер, професор

Неда Здравева, доцент Влатко Коробар, професор Жанета Попеска, професор Виолета Мартиновска, доцент Вангел Ајановски, доцент Марјан Малцев, професор

Соња Геговска-Зајкова, професор Љупчо Пановски, професор во пензија Mаргарета Пецовска Ѓорѓевиќ, професор Софија Богданова, професор во пензија Илинка Митрева, професор

Авзи Мустафа, професор

Бисера Станкова, лекор

Мирко Ѓошевски, професор во пензија

Петре Макрески, професор Сузана Лошковска, професор Магдалена Георгиева, професор во пензија Горан Николовски, професор Валериј Софрониевски, професор Маја Јорданова, професор Владимир Ивановски, професор Билјана Миова, доцент

Виолета Петроска-Бешка, професор Октај Ахмед, професор Горан Коевски, професор Виолета Арнаудова, професор Михајло Поповски, професор Елисавета Сарџовска, професор

Елена Ачковска Лешковска, професор

Николина Кениг, професор Огнен Спасовски, професор Орхидеја Шурбановска, професор Филип Сулеманов, асистент

Ана Фрицханд, доцент Катерина Ребок, доцент Борче Костов, професор

Билјана Блажевска Стоилковска, доцент

Катерина Наумова, доцент

Татјана Филиповска, професор

Марина Митревска, професор Лидија Георгиева, професор Благица Сековска, професор

Радојка Јосифовска, професор во пензија Јасминка Ризовска Атанасовска, професор

Љиљана Узуновиќ, професор

Ана Стојаноска, професор

Ладислав Цветковски, доцент

Момчило Богданов, професор во пензија

Трајче Стамески, асистент Љубомир Фрчкоски, професор Слободанка Марковска, професор Елена Џукеска, професор

Анета Бараковска, професор Светлана Кочовска, доцент Вера Стојановска, професор Славчо Христовски, професор Лулзим Алиу, професор

Розалина Попова-Коскарова, професор

Иван Блинков, професор Александар Трендафилов,професор Малетиќ Владо, професор

Дана Дина Колевска, професор Николчо Велковски, професор Љупчо Несторовски, професор Аднан Ќахил, професор

Зорица Салтировска, професор

Бујар Саити, професор Стерја Начевски, професор Кирил Сотиров, професор Никола Николов, професор

Ирена Папазова Анакиева, професор

Панде Трајков, професор

Македонка Стојановска, професор

Бојан Симовски, асистент Иван Минчев, асистент Сашо Граматиков, доцент

Сузана Миовска-Спасева, професор Александра Теменуговска, истражувач Билјана Камчевска, професор

Анита Кузманоска, професор Даниела Тошева, насловен доцент Љуљзим Адеми, професор

Eмил Сулејмани, професор Јетон Шасивари, професор Киро Стојаноски, професор Марија Михова, професор

Маријана Ѓорѓиева, виш лектор Валентина Славевска Стаменковиќ, доцент

Горазд Смилевски, предавач

Сашко Ристов, доцент Рукије Агиќ, професор Анастас Мишев, професор Бојан Поповски, професор Ментор Хамити, доцент Адриан Бесими,доцент Мајлинда Фетаји, доцент Јаумин Ајдари, доцент Меџид Ферати, доцент Слободан Банџо, професор

Мирослава Николоска, професор Цветко Смилевски, професор Беким Фетаји, професор

Садудин Ибраими, професор

Марина Нишлиска, лектор во пензија Дарин Ангеловски, асистент Владимир Вуксановиќ, доцент

Ванчо Поп-Петровски, професор Стефан Сидовски, професор Дејан Ѓорѓевиќ, професор Брикена Џафери, професор Влатко Илиески, професорБлерим Река, професор

Александра Ѓуркова, научен советник

Љупчо Коскаров, доцент

Гоце Арсов, професор во пензија

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки