Над 3.600 првачиња добија сообраќајни безбедносни елеци

Од:

Над 3.600 првачиња добија флуоресцентни елечиња за безбедно движење во сообраќајот, во рамки на акцијата „Безбедни првачиња“ што како дел од проектот „Заедно за поголема безбедност во сообраќајот“ во изминатите два месеца ја спроведе Триглав осигурување.

Целта на акцијата беше зголемување на безбедноста на првачињата во сообраќајот и подигнување на нивната свест за важноста на внимателното движење.

Акцијата „Безбедни првачиња“ што беше спроведена во 50 основни училишта низ цела Македонија, имаше и краток едукативен дел за основните правила во сообраќајот.

– Употребата на безбедносни елеци придонесува кон поголема видливост на најмладите во сообраќајниот метеж, а со тоа и кон нивна зголемена безбедност. На овој начин сакаме да придонесеме кон подигнување на свеста и кај возрасните учесници во сообраќајот, да забележат дека има деца секаде околку нас и оти треба крајно внимателно и одговорно да се однесуваме во сообраќајот, за поголема безбедност на сите, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски