Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Од:

Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган. Оваа листа е динамична и постојано се менува, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство.

– Со оваа последна, успешна кадаверична трансплантација каде што за многу краток рок беа пуштени дома сите пациенти – и двата пациента кои примија бубрег и пациентот кој доби црн дроб, складирани се во коскената банка коски и лигаменти, ткива, додаваме уште една бројка во статистиката на трансплантацијата. Но, целта на денешната прес-конференција е не само да информираме дека статистиката на трансплантација во Македонија се зголемува, туку да истакнеме за значењето на органдонорството и значењето на трансплантацијата. Зад секоја статистика стојат животи, стојат приказни за надеж, стојат приказни за болка, за жал понекогаш и приказни за лична загуба, истакна Кузмановска.

Надлежните на денешната прес-конференција информираа за две сложени интервенции извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски рече дека на 12 и 13 март биле извршeни кадавeрични трансплантации на црн дроб, два бубрега.

Нешто подоцна, фондовски поддржана, извршена била прва баријатрична процедура на пациент. Два дена траела вкупната хоспитализација.

– Ова е петта кадаверична трансплантација на црн дроб со најуспешен тек, подвлече Костовски.

Тој рече дека трендот продолжува и оти во иднина ќе се прават сите подготовки за почнување трансплантациски процес од жив дарител.

Задоволство од денешниот настан изрази и министерот за здравство Арбен Таравари.

– Во оваа прилика, како највисок чин на хуманост, би сакал да се заблагодарам на семејствата, кои во најтешките моменти на загуба, покажуваат големина и хуманизам, благодарение на што се спасуваат човечки животи или се подобрува квалитетот на живот на пациентите, рече министерот.

Тој им се заблагодари и на сите здравствени работници.

– Во оваа прилика би сакал да истакнам дека сме посебно фокусирани на едукација и надградба на знаењата, а планирани се и новини во областа на трансплантацијата, најави министерот.

Би можело да ве интересира

Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

А1он

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Ѓорѓиевски: Почна големото чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, мобилизирани сите јавни градски претпријатија