Над 20 пораки за насилство стигнале на мејл адресите на МОН

Од:

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека на мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.

-Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Кога зборуваме за насилство, имаме и позитивни ситуации. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства – рече Шаќири во одговор на прашање пред почетокот на денешната дебата „Насилство кај децата“.

Прашан дали до сега имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг, Шаќири потврди дека имало и такви случаи.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови