Над 2 милиона деца убиени во конфликти во изминатите две децении

Од:

Во воените агресии и потенцијалните конфликти низ светот најбеспомошни и најранливи се децата, укажува Првата детска амбасада „Меѓаши“ во пораката по повод Меѓународен ден на невините деца-жртви на агресија – 4 Јуни.

Целта на одбележувањето на тој ден, утврден од Обединетите нации во 1982 година, е да се оддаде признание на болката и страдањата што ги прежувуваат децата ширум светот-жртви на физичко, психичко и емоционално насилство. На овој ден Обединетите нации ја потврдуваат својата посветеност и обврзаност кон заштитата на правата на децата.

Статистичките податоци покажуваат дека над 2 милиони деца се убиени во конфликти во последните две децении, околу 10 милиони деца-бегалци се згрижени од страна на УНХЦР, околу 80 илјади деца годишно умираат како резултат на насилство во семејствата.

Иако е тешко да се одреди точен број на деца војници, според УНИЦЕФ, околу 300.000 деца низ светот се деца војници. Тоа не подразбира само деца на фронт кои имаат оружје во рака, туку и деца кои на било каков начин се условени да бидаат дел од воени организации.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства