Над 100.000 евра е штетата од поплавите минатиот месец во Штип

Од:

Комисијата за проценки на штети при општина Штип ги утврди штетите од невремето кое го зафати штипското подрачје на 23 мај 2017 година. Лазар Соколов од Комисијата за проценки на денешната прес-конференција рече дека 10 домаќинства од градот Штип пријавиле дека имаат штети од поплавите од атмосферски и канализациски води.

– Вкупната штета е точно 677.000 денари. Документот, односно извештајот сега го доставуваме до Советот на општина Штип и по негово усвојување, ќе биде доставен до Второстепената комисија во Скопје, вели Соколов.

Тој истакна дека во овој момент не може да се каже дали ќе има исплата на штетите од невремето на 23 мај, бидејќи одлуката ја носи Владата.

– Наша должност е да го подготвиме документот и да го дадеме, односно да го поднесеме до Второстепената комисија. Вообичаено Второстепената комисија го разгледува и обработува предметот и го дава на мислење на Владата, која ќе одлучи дали ќе има обесштетување или не. Никогаш досега немало обесштетување од општина Штип, освен во некои вонредни случаи. Вообичаено тоа се прави од централниот буџет, вели Соколов.

Во Штип на 23 мај наврнаа рекордни 84 литри на метар квадратен, при што беа поплавени долните катови и подрумските простории на 10 домаќинстава во населбите Ново Село и на повисоките делови на населбите во јужниот и источниот дел на градот Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“