Над 1.000 маски ќе продефилираат на Вевчанскиот карневал 2017

Од:

Традиционалните маски – зет и невеста, Глупавиот Август и музичарите, заедно со останатите со кои на сатиричен начин се опишуваат случувањата во изминатите 12 месеци и годинава ќе продефилираат на Вевчанскиот карневал 2017 со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

Манифестацијата во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики – заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци ќе почне на 10 јануари со трибина на тема „Перспективите на културниот туризам во Македонија со посебен осврт на Вевчани“, на 11 јануари ќе биде промовиран романот „Пред шарени врати“ на вевчанецот Крсте Шутиноски кој живее во Битола, а на 12 јануари ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Мирче Василев.

Забавниот дел ќе стартува на 12 јануари во 21 часот со настап на домашните групи ДНК и Нокаут, а некаде пред полноќ ќе се претстават и Фрајле, гостинките од Србија. На 13 јануари во 21 часот присутните ќе ги забавува фолкерката Анета Наковска, додека Православната нова година ќе биде пречекана со настапот на вевчанецот Ефто Пупиноски. На полноќ ќе има и петминутен спектакуларен огномет.

Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски очекува на годинашната манифестација да присуствуваат од 15.000 до 20.000 посетители.

– Од година на година бројот на василичари се зголемува и очекувам годинава да имаме повеќе од 1.000 маски кои традиционално на 13 јануари околу 14 часот ќе продефилираат низ вевчанските улици. По дефилето, некаде околу 18 часот василичарите ќе одат од куќа во куќа, а рано изутрина следниот ден заедно со гостите ќе одат на полнење вода на Вевчанските извори. Манифестацијата ќе заврши на 14 јануари со традиционалното палење на маските, рече Угриноски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека на Василица сите 800 куќи во Вевчани се отворени за гости и можат да се пробаат вевчански специјалитети, греана ракија и вино.

Заменик министерот за култура Драган Недељковиќ исткна дека Вевчанскиот карневал е културно-туристичка манифестација која е еден од најголемите брендови во Македонија што трае повеќе од 1.400 години.

– На 13 јануари целиот свет може да застане, но Вевчанскиот карневал нема да стои. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи уште најмалку 20 века и подолго и дека ќе влезе во календарот на светските карневали и ќе биде препознатлив не само во Македонија и на Балканот, туку и во светски рамки, рече Недељковиќ.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска